Денес, на 4 април 2026 година во 16:05 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани, во организација на здружението „16 март“, формирано од дел од родителите на загинатите се одржаи 40-тиот „Марш на ангелите“.
Четириесетти пат, како што наведоа пред маршот, ќе чекорат заедно „со болка, со љубов и со непоколеблива решеност нашите ангели никогаш да не бидат заборавени“.
Од здружението порачаа дека ќе продолжат да маршираат сè додека не се добие, како што велат, правдата што ја заслужуваат нивните деца.
Доколку во рок од три дена не добијат одговор од надлежните институции, родителите на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, денеска на 40. „Марш за ангелите“ порачаа дека ќе бидат присилени да се соберат пред Институтот за судска медицина во Скопје и нема да заминат додека не добијат соодветна информација.












