Марк Маркез продолжи да доминира во Мото ГП шампионатот и славеше на Големата награда на Унгарија, осмата трка сезонава. Возачот на Дукати стигна до својата 100-та победа во кариерата, влегувајќи во престижниот „клуб на 100“ и потврдувајќи ја одличната форма на патеката „Балатон Парк“.
Шпанецот до триумфот стигна по голема борба со Педро Акоста, кој водеше во првиот дел од трката. Решавачкиот момент се случи во 15-от круг кога Маркез го презеде водството и до крајот сигурно ја контролираше трката. Второто место му припадна на Акоста, додека трет заврши Франческо Бањаја. Трката беше обележана и со голем инцидент уште во првата кривина, во кој беа вклучени неколку возачи, но за среќа без посериозни повреди.
This start incident is being investigated ⚠️#HungarianGP 🇭🇺 pic.twitter.com/CrhNdiUluw
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) June 7, 2026
Со новиот триумф, Маркез дополнително ја зацврсти својата доминација во шампионатот и уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите мотоциклисти во историјата.











