Челниците на Мото ГП подготвуваат промени во форматот на тркачките викенди за следната сезона, но новиот распоред наиде на критики кај возачите. Деветкратниот светски шампион, Марк Маркес, смета дека дополнителните сесии ќе им донесат уште поголем товар.
Петочната програма ќе вклучува две тренинг-сесии и квалификации за спринтот, додека саботата ќе биде исполнета со квалификации за главната трка и спринт-трката.
- Би било интересно да се разбере главната цел зад оваа промена, бидејќи работите стануваат сè попредизвикувачки и понапорни за возачите. Дури и сегашниот распоред е доволно напорен – изјави Маркес.
Тој смета дека возачите немаат вистинско влијание врз одлуките, потсетувајќи дека било слично и при воведувањето на спринт-трките.
Неговиот колега, Педро Акоста, предупреди дека зголеменото оптоварување може да влијае врз должината на кариерата, а со него се согласи и тој. Хорхе Мартин, пак, истакна дека најголем проблем е тоа што речиси и не се зема предвид мислењето на возачите.











