среда, јули 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Малку поинаква дипломатска комуникација: Муцунски и белгискиот колега Прево трчаа низ Скопје/ФОТО

Малку поинаква дипломатска комуникација: Муцунски и белгискиот колега Прево трчаа низ Скопје/ФОТО

52
Фото: Фејсбук

Министерот за надворешни работи заедно со белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево утрово реализираа утринско трчање низ Скопје, во должина од шест километри.

Како што беше споделено на социјалните мрежи, денот започнал со поинаков, неформален пристап, комбинирајќи спортска активност и дипломатска комуникација. Трчањето низ градот било искористено како можност белгиската делегација да се запознае со дел од препознатливите обележја на главниот град.

Во објавата се посочува дека ваквиот пристап овозможил во опуштена атмосфера да се сподели дел од енергијата на Скопје и да се продлабочи комуникацијата надвор од формалните средби.

ИЗДВОЕНИ