сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Макрон и Мелони „особено блиски“ во Париз: Бакнежот и прегратката ги запалија...

Макрон и Мелони „особено блиски“ во Париз: Бакнежот и прегратката ги запалија социјалните мрежи/ВИДЕО

177
Фото: X/@nexta_tv/Printscreen

Италијанската премиерка Џорџија Мелони беше пречекана од францускиот претседател Емануел Макрон пред Елисејската палата во Париз, каде што се одржува конференција за поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец.

Теснецот беше отворен во петок, 17 април, но помалку од 24 часа подоцна, Ормуз беше затворен, што дополнително ги засили тензиите на Блискиот Исток, бидејќи Иран има два услови за сите бродови да поминат низ овој важен поморски пат.

Бројни медиумски екипи заедно со Макрон ја чекаа италијанската премиерка. Кога таа пристигна, излезе од својот автомобил и веднаш беше пречекана со прегратка и бакнеж од францускиот претседател.Сепак средбата на двајцата лидери привлече големо внимание откако нивниот поздрав пред камерите беше опишан како неочекуван и малку незгоден. На видеоснимката што брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа како Макрон ѝ се приближува на Мелони и ја поздравува со прегратка и бакнежи.

Во моментот, италијанската премиерка изгледа изненадено од начинот на пречекот, што дополнително ја засили реакцијата на јавноста. Мелони очигледно не очекувала таква топлина од Макрон. Прво ја бакна во образот, а потоа ја прегрна, но прегратката траеше неколку секунди, што веројатно ја изненади Мелони. Таа се засрами, се оддалечи од Макрон, а камерите го снимиле сето тоа во вистинскиот момент и целото видео стана вирално на социјалните мрежи.

Ова не е прв пат Мелони и Макрон да имаат „заеднички момент“ што стана главна тема во медиумите. На самитот на Г7 во Канада во јуни 2025 година, таа ги превртуваше очите откако Макрон ѝ шепнал нешто.

ИЗДВОЕНИ