На иницијатива на Агенцијата за храна и ветеринарство, македонското знаме од денеска е соодветно поставено и на РАСФФ-платформата на Европската комисија (Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни). При редовно следење и користење на платформата, наместо официјалното државно знаме, до називот на државата досега се прикажуваше празно поле.
Агенцијата за храна и ветеринарство иницираше постапување и побара корекција од страна на надлежните служби на РАСФФ-платформата.
Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежен орган и Национална контакт точка за РАСФФ, продолжува активно да ја следи комуникацијата и размената на информации преку европските системи за брзо известување во областа на безбедноста на храната и храната за животни.












