Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, вчера информираше дека градежните активности ќе го зафатат просторот од градската библиотека „Гоце Делчев“ до железничката станица, во должина од 700 метри. Според него, ќе биде прередена калдрмата, со што, како што нагласи, ќе биде задржан автентичниот лик на улицата, а ќе бидат поставени и подземни инсталации, нова водоводна линија и фекална канализација.

– Тоа што се решава целокупната инсталација и оди подземно и тоа што ќе има едно прекрасно осветлување, кое навечер ќе му даде целосно нов дух на овој дел од градот, мислам дека целосно ќе го смени ликот. Kако Влада и како Министерство за транспорт, дадовме поддршка за реализација на овој проект, во вкупна вредност од околу 81 милион денари – рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

 

Во тек е реконструкција на улицата „Маршал Тито“ во Гевгелија, која се наоѓа во старото градско јадро и е белег на градот.

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска информираше дека градежните активности ќе го зафатат просторот од градската библиотека „Гоце Делчев“ до железничката станица, во должина од 700 метри.

Според него, ќе биде прередена калдрмата, со што, како што нагласи, ќе биде задржан автентичниот лик на улицата, а ќе бидат поставени и подземни инсталации, нова водоводна линија и фекална канализација.

– Тоа значи дека ќе нема надземни столбови, а на тротоарите ќе има гранитни плочи. Воедно, ќе бидат насадени дрвја. Освен тоа, ќе биде поставена и урбана опрема, како и ново модерно осветлување со канделабри – изјави Сарамандов.

Тој нагласи дека се реализира овој проект со поддршка на Владата, преку Министерството за транспорт и оти, како локална самоуправа, ќе продолжат со реализација на проектите и на програмските активности предвидени за годинава.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со гевгелискиот градоначалник изврши увид во градежните активности, изрази задоволство од реализацијата на новите проекти, кои, како што кажа, ќе ѝ дадат нов лик на Гевгелија.

– Со овој проект, овој дел од градот ќе ја врати автентичноста, но има и нови елементи, како што се подземната инсталација и модерното осветлување. Тоа што се решава целокупната инсталација и оди подземно и тоа што ќе има едно прекрасно осветлување, кое навечер ќе му даде целосно нов дух на овој дел од градот, мислам дека целосно ќе го смени ликот. Toa ќе значи голема шанса и за околните жители нивните имоти да добијат вредност, а зошто да не се отворат и угостителски објекти тука, во кои ќе може да доаѓаат и гости од државата, но и гости од странство, кои често знаат да ја посетат Гевгелија. Kако Влада и како Министерство за транспорт, дадовме поддршка за реализација на овој проект, во вкупна вредност од околу 81 милион денари – рече Николоски.

Тој додаде дека во Гевгелија се инвестирани 165 милиони денари преку Министерството за транспорт, а покрај оваа улица, тој наведе дека е завршена и улицата „Новопроектирана“, во вредност од 2,4 милиони денари, потоа изградбата на парк со детско игралиште на улицата „Деко Ковачев“, во износ од 7,1 милион денари, реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булеварот „Гевгелија“, улицата „Железничка“, во вредност  од 17,7 милиони денари, како и улици во селата Моин, Прдејци и Богородица, а завршен е и Западен булевар, трета фаза, со средства од Министерството за транспорт, во износ од 30,8 милиони денари.

Николоски најави дека ќе продолжат со поддршката  на Општината и оти, како Министерство, ќе помогнат и во изградбата на нов влез во градот Гевгелија.

(А. П.)  

 

ИЗДВОЕНИ