среда, јули 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Македонија влегува во период кога дури и ноќта ќе биде неподнослива! Започнува...

Македонија влегува во период кога дури и ноќта ќе биде неподнослива! Започнува нов топлотен бран

0

Македонија е на почетокот на силен топлотен бран кој ќе донесе сончево и многу топло време во наредните денови, со температури кои локално ќе достигнат 40 степени.

Поради многу топлото време се предупредува на висок ризик од топлотен стрес, многу силно УВ зрачење и зголемена опасност од пожари.

Најжешкиот период се очекува кон за време на викендот и во текот на првите денови од август, кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени.

Хронично болните лица, постарите лица, децата, метеопатите и секој што поминува долго време на отворено или работи ќе биде особено изложен на ризик.

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер.

ИЗДВОЕНИ