И ако е веќе поодамна пензионерка, легендарната српска пејачка Лепа Лукиќ, миленичка на публиката од Вардар до Триглав, и понатаму настапува, пее и има успеси. Но, Лепа не би била Лепа доколку не ја растревожи публиката. Овој пат со невкусната изјава, со оглед на своите 88 години, за најголемата неостварена желба во животот – да стане мајка. Многумина ја прекоруваат, велејќи ѝ дека, сега и текнало да жали за мајчинството. Срамота, Лепа, порачуваат обожавателите.
За самата Лепа тоа што нема деца е траума за целиот свој живот.
-Во младоста останав бремена, но тогаш не сакава мајчински обврски. Детето не го родив. Сакав да пеам, патувам, па си мислев има време за тоа. Но, времето и животот брзо поминуваат, а јас остарев. Сега е сосема неизводливо а, и не здраво да станам биолошка мајка, можам само да усвојам некое дете, вели пејачката. Меѓутоа, се предомислив, па вдомив питома домашна расна мачка, која ми е веќе десетина години како ќеркичка.
-Кога како млада останав бремена бев во голема љубов со еден згоден полицаец. Но, мојата судбина беше таква. Жална по прашањето на мајчинството. И ако сум навлезена во длабока старост, постојано посакувам да станам мајка. Знам дека таа желба никогаш нема да ми се оствари. Можеби, некогаш таму некаде во некој друг живот?!
(Д.М.)












