EPA/Bo Amstrup Send2net DENMARK OUT

Селекторот на македонската машка ракометна репрезнтација, Кирил Лазаров, објави список со 35 ракометари за бараж натпреварите со Словачка, за пласман на Светското првенство 2027 година.

На списокот повторно е Филип Талески, тој е еден од тројцата кои настапуваат во странство покрај Мартин Томовски и Мартин Карапалевски. Останатите играчи се од домашното првенство.

На списокот овојпат го нема Мартин Серафимов кој во меѓувреме замина од Алкалоид и потпиша за Пелистер за кој ќе игра од наредната сезона.

Првиот бараж меч против Словачка го играме на гости на 13 мај, четири дена подоцна е реваншот во Скопје.

ИЗДВОЕНИ