Џаред Кушнер, специјален пратеник и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека конфликтот во Украина всушност се претворил во „војна преку посредници“, во која европските земји го финансираат и вооружуваат Киев против Русија.
„Тој [конфликтот во Украина] всушност се претвори во војна преку посредници, во која Европа ја финансира и вооружува Украина против Русија“, рече Кушнер во интервју со Матијас Депфнер, извршен директор на германската медиумска групација „Аксел Шпрингер СЕ“ (Axel Springer SE).
Рускиот претседател Владимир Путин претходно во неколку наврати изјави дека Москва сака што поскоро да ги прекине непријателствата во Украина преку мирно решение. Русија е подготвена за преговори, но не гледа подготвеност од страна на режимот во Киев за вклучување во нив, додаде рускиот лидер.












