среда, септември 30, 2026
Дома СВЕТ Кулминација на средношколските протести во Франција – Учениците со огномет, полицијата со...

Кулминација на средношколските протести во Франција – Учениците со огномет, полицијата со солзавец, најмалку 400 приведени

2

Повеќе од 400 луѓе, претежно малолетници, се приведени во Франција поради протест на учениците од средните училишта низ целата земја, објави францускиот министер за внатрешни работи. Учениците блокираат многу училишта поради голем број проблеми, како што се преполните училници, обемот на работа на голема образовна програма и недостатокот на наставен кадар.

Протестите на средношколците почнаа пред една недела и се проширија низ целата земја, но добија на интензитет последниве денови, кога пред влезот на многу средни училишта во Париз и други градови, учениците поставија блокади со транспаренти. Кулминацијата се случи во средата кога, како што објавија француските медиуми, демонстрантите испукале огномет кон полицијата, а таа одговорила со палки и солзавец.

Според официјални информации, во нередите се повредени најмалку 10 наставници, неколку ученици и 48 полицајци.
Министерството за образование соопшти дека се протестира во најмалку 400 училишта. Ресорниот министер, Едуар Жефре, вели дека учениците имаат право на протест, но го осуди насилството.

ИЗДВОЕНИ