среда, октомври 7, 2026
Дома СВЕТ Крвав напад во Полска: Ученик избоде повеќе соученици и наставник, двајца се...

Крвав напад во Полска: Ученик избоде повеќе соученици и наставник, двајца се тешко повредени

90

Во комплекс на стручно училиште во полскиот град Остроленка утрово се случи напад со нож, при што беа повредени најмалку седум лица, пренесува полскиот медиум RMF24.

Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Две од седумте повредени лица се во тешка состојба.

По нападот, сторителот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев, пренесува Index.

ИЗДВОЕНИ