Рускиот опозициски политичар Борис Надеждин објави дека ја напуштил Русија откако бил приведен во близина на Москва и му било спречено да учествува на парламентарните избори. Во видео порака снимена во Париз, тој рече дека е „жив и слободен“, но повеќе не е во својата татковина.
Надеждин (63), еден од ретките политичари кои јавно го критикуваат претседателот Владимир Путин и руската инвазија на Украина, со години е активен во Русија, додека многу од противниците на Путин завршиле во затвор, егзил или починале.
🇫🇷 “I’m alive and free”: Boris Nadezhdin has fled to France
Boris Nadezhdin planned to run in Russia’s 2024 presidential election and began collecting signatures in support of his candidacy.
He was the only anti-war candidate, and in many Russian regions, people lined up… pic.twitter.com/joQlSDYIOO
— NEXTA (@nexta_tv) August 3, 2026
Тој планирал да се кандидира на парламентарните избори во септември, но се соочува со зголемен притисок од властите, објави АФП. Минатиот месец беше прогласен за „странски агент“, накратко приведен, а потоа казнет со 1.000 рубљи за наводно прикажување „екстремистички симболи“. За време на судското рочиште беше повикана брза помош откако неговиот крвен притисок нагло се зголеми.
Поради притисокот, тој се откажа од изборната трка, велејќи дека бил „замолчен“ и „истеран од политиката“.
На својот Телеграм канал денес, тој објави видео пред Ајфеловата кула, со пораката: „Имам добри вести – жив сум и слободен. За жал, не сум во Русија. Морам да одлучам што ќе правам понатаму“.
Надеждин претходно изјави дека властите го таргетирале поради неговата растечка популарност. Тој, исто така, се обиде да се кандидира на претседателските избори во 2024 година против Владимир Путин, собирајќи десетици илјади потписи, но изборната комисија ја отфрли неговата кандидатура.
Од почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година, руските власти ги засилија своите репресии врз политичките дисиденти и го ограничија просторот за јавна критика на власта.












