Кремљ ја призна победата на Трамп, но честитки НЕМА!

88
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Кремљ ја призна „јасната победа на Доналд Трамп“, но вели дека не знае за било какви планови на рускиот претседател Владимир Путин да му честита за победата, изјави портпаролот на Кремљ, Димитри Песков додавајќи дека САД и понатаму е „непријателска земја“ за Русија.

Песков рече дека Москва внимателно ги следи настаните и ги анализира изјавите на американските политичари за Русија, додавајќи дека односите меѓу двете земји се на историски ниско ниво.

Трамп претходно застана на страната на Путин за мешање во изборите, ја задржа помошта за Украина и континуирано го критикуваше НАТО. Сепак, тој ја осуди руската инвазија на Украина и инсистираше на тоа дека има добри односи со украинскиот претседател Володимир Зеленски.