недела, ноември 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник при вршење работи на...

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник при вршење работи на безбедноста

70

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичен законик.

-Осомничениот 40-годишник од Кратово, на 11 септември, нападнал службено лице при вршење работи на јавната безбедност кои се однесуваат на спречување на кривично дело и на полицискиот службеник му нанел тешка телесна повреда. Кога двајца полицајци употребиле сила и ја отвориле заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. На еден од полициските службеници со ножот му нанел тешки телесни повреди – прободна рана и посекотина – стои во соопштението на ЈОРМ.

Ценејќи ја опасноста од бегство и можноста да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ИЗДВОЕНИ