сабота, јули 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, интеренирале полицијата, пожарната...

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, интеренирале полицијата, пожарната и итната помош

64

Во храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ во Кочани, синоќа се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект.

Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот.

На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето.

Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава на црквата „Св.великомаченик Ѓеорги Победоносец“, што утринава предизвика дополнително вознемирување и рееакции кај граѓаните.

ИЗДВОЕНИ