Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги заврши квалификациите за Европското првенство 2027, откако загуби на домашен терен од Хрватска со 53:91.
Со овој неуспех, петти во групната фаза, го завршивме циклусот на последното место, со само една победа, онаа против Данска во Скопје. Овој резултат јасно ја отсликува разликата во квалитетот и искуството помеѓу македонскиот тим и останатите репрезентации во групата, кои се бореа за пласман на континенталниот собир.
Најефикасна во македонскиот состав беше Милица Николиќ со 16 поени, три помалку реализираше Илина Селцова, додека со девет коша мечот го заврши Јана Пислевска.











