Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ги почна подготовките за претстојниот натпревар против Кипар, во претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Селекторот Жозеп Марија Берокал ја изврши првата прозивка во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, каде што репрезентативците го одработија и воведниот тренинг пред новиот ФИБА-прозорец.

Македонија влегува мотивирана во овој циклус, со јасна цел да стигне до втората победа во групата Ф и да направи уште еден важен чекор кон пласман во следната рунда.

На списокот на Берокал се најдоа 15-мина кошаркари, предводени од Ненад Димитријевиќ и од американскиот центар Мозес Рајт. Значајна улога се очекува да имаат и поискусните репрезентативци Војдан Стојановски, Адем Мекиќ и Стојан Ѓуроски.

Нашата селекција веќе покажа дека има квалитет за високи цели откако во август убедливо ја совлада Австрија на гостински терен, со 91:59. Бидејќи само првопласираната репрезентација во групата обезбедува пласман во следната фаза, претстојниот дуел има огромно значење за македонските кошаркари.

Натпреварот Македонија – Кипар ќе се одигра в четврток, 26 ноември, со почеток во 18:00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

ИЗДВОЕНИ