Четворица кошаркари на српски Партизан, Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк Ниликин, се вклучени во голем инцидент по забава во ноќен клуб во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, четворицата застанале во одбрана на девојки што биле во неволја од група момци, па решиле физички да се пресметаат со нив.

Српските медиуми пишуваат дека се случил инцидентот откако група мажи ги навредувале девојките, а подоцна и кошаркарите, по што членовите на Партизан решиле да дејствуваат.

  • Ги провоцираа девојките само затоа што беа во друштво на кошаркари. Мислам дека ги навредуваа и на расна основа, односно ги прашуваа што бараат со црномурести момци. Потоа излегоа од клубот и се случи хаосот – открива сведок на настанот.

На социјалните мрежи се појави и снимка на која може да се забележи како удира Џонс едно момче со шише по главата, а полицијата соопшти дека две лица имаат лесни телесни повреди, додека едно има тешки телесни повреди по тепачката.

ИЗДВОЕНИ