сабота, јуни 13, 2026
Дома МАГАЗИН Компанијата „ОпенВИ“ под нова истрага за „Чет-ГПТ“

Компанијата „ОпенВИ“ под нова истрага за „Чет-ГПТ“

108

Коалиција од американски обвинители отвори истрага против американската компанија за вештачка интелигенција „ОпенВИ“, креаторот на популарната апликација „Чет-ГПТ“ (ChatGPT), објави „Волстрит журнал“ во петокот, повикувајќи се на извори запознаени со истрагата.

Компанијата во петокот доби судска наредба да предаде документи поврзани со широк спектар на нејзините активности и влијанија врз корисниците, вклучувајќи рекламирање, задржување на корисници и управување со податоци за корисници и здравје, според извештајот.

Судската наредба, испратена од главниот обвинител на Њујорк, исто така бара информации за активности што вклучуваат малолетници и постари лица, за модели на длабоко учење и внатрешни политики на компанијата, објави „Волстрит журнал“.

Истрагата претставува најнов правен предизвик за „ОпенВИ“, кој веќе е тужен од Флорида за наводни измамнички практики на својата платформа „ЧАТ-џи-пи=ти“.

Изворот зборуваше под услов на анонимност за да разговара за истрагата, која сè уште не е објавена.

Портпаролот на компанијата изјави: „Вештачката интелигенција е нова и моќна технологија и ние работиме секој ден за одговорно да ги донесеме нејзините придобивки до луѓето. Сериозно ги сфаќаме загриженоста на обвинителите и имаме намера конструктивно да соработуваме со нивните канцеларии.“

Портпаролот на канцеларијата на државниот обвинител во Њујорк не одговори веднаш на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Извештајот доаѓа кратко откако „ОпенВИ“ поднесе барање за првична јавна понуда (IPO), за која изворот рече дека би можела да се случи веќе во септември со проценка на компанијата до 1 трилион долари.

Канаѓанка поднесе тужба против OpenAI и нејзиниот шеф Сем Алтман во американски суд во четврток, тврдејќи дека „Чет-ГПТ“ ја охрабрила нејзината ќерка да си го одземе животот, пренесе „Хина“.

ИЗДВОЕНИ