недела, ноември 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Последен ден од амандамнската расправа за предлог-буџетот за 2027 година

Последен ден од амандамнската расправа за предлог-буџетот за 2027 година

0

Утре е последниот ден од амандманската расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет за предлог-буџетот за 2027 година. На досегашните продолженија не беше прифатен ниту еден од новоразгледуваните амандмани. За предлог-буџетот беа поднесени вкупно 400 амандмани, од кои поголем дел беа повлечени, а неколку беа усвоени.

Со предлог-буџетот за 2027 година, вкупните приходи се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП.

За капитални расходи се предвидени 40,8 милијарди денари, додека за социјални трансфери 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди денари за пензии.

 

ИЗДВОЕНИ