недела, ноември 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Францускиот кредитен рејтинг стана негативен

Францускиот кредитен рејтинг стана негативен

0

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ ги промени изгледите за кредитниот рејтинг на Франција од стабилни во негативни, наведувајќи ги високиот буџетски дефицит и политичките поделби во земјата како главни причини.

Овој потег ја зголемува можноста за намалување на државниот кредитен рејтинг на Франција, кој во моментов изнесува А+.

Евентуалното намалување на рејтингот може да ги зголеми трошоците за задолжување на Франција, втората најголема економија во еврозоната. Јавниот долг на земјата, во однос на БДП, е речиси двојно поголем од германскиот.

– Негативните изгледи ги одразуваат зголемувањето на државниот долг, слабите перспективи за економски раст и недоволниот политички консензус за справување со буџетскиот дефицит – соопшти „Стандард и Пурс“.

Агенцијата предупреди дека може да продолжи политичката поларизација и по претседателските избори во 2027 година, отежнувајќи ги напорите за намалување на дефицитот и за спроведување економски реформи.

„Стандард и Пурс“ може дополнително да го намали рејтингот доколку не се намалат буџетските дефицити значително во следните две години или економскиот раст биде послаб од очекуваниот.

Приносот на десетгодишните француски државни обврзници во октомври накратко надмина 5,1 отсто, достигнувајќи највисоко ниво во последните 24 години, пред да се намали на околу 4,7 отсто.

ИЗДВОЕНИ