петок, февруари 6, 2026
Дома СВЕТ Колумбија прогласи вонредна здравствена состојба поради случаи на жолта треска

Колумбија прогласи вонредна здравствена состојба поради случаи на жолта треска

49

Колумбиската влада доцна вчера прогласи вонредна состојба низ целата земја поради зголемување на случаите на жолта треска.

Епидемијата резултираше со 74 потврдени случаи на инфекција и 34 смртни случаи од почетокот на минатата година, изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Јарамило, пренесува Ројтерс.

Јарамило рече дека најкритична е ситуацијата во Толима, во централно-западна Колумбија, каде што се откриени 22 случаи.

Жолтата треска е вирусна болест која се пренесува преку каснување од комарец.

ИЗДВОЕНИ