четврток, февруари 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Клиниката Жан Митрев ќе пружи медицинска помош на настраните во Кочани, на...

Клиниката Жан Митрев ќе пружи медицинска помош на настраните во Кочани, на располагање ги ставаат и амбулантните возила

78

Клиниката Жан Митрев соопшти дека е отворени и ќе пружи помош за секого кому му е потребна медицинска помош од настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.

-Во вакви моменти, кога зборовите се немоќни да ја опишат болката што ја чувствуваме, најважно е да бидеме заедно. Трагедиите нè потсетуваат дека човечноста, солидарноста и поддршката се најсилните нешта што ги имаме. Вратите на Клиниката Жан Митрев се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош, а нашиот тим е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност, наведуваат од Клиниката.

Од оваа приватна клиника посочуваат дека веќе неколку лица од несреќата се згрижени кај нив, а на располагање ги ставаат и амбулантните возила на Клиниката за да се стигне до сите на кои им е потребна помош.

ИЗДВОЕНИ