
Актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, се вклучи во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на германскиот гигант Баерн (М), Џошуа Кимих. Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Барселона, Реал (М), Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул.