Легендарниот Кевин Гарнет откри неверојатна приказна од времето кога настапуваше за Минесота тимбервулвс. Тој раскажа дека случајно дознал оти неговиот агент одбил понуда вредна неверојатни 122 милиони долари. Тој бил на одмор на Јамајка кога прочитал наслов во „Ју-ес-еј тудеј“  дека „одбива 122 милиони долари“.

  • Јас не одбив ништо. Агентот го направи тоа – откри поранешниот НБА-кошаркар.

Тој бил бесен што агентот донел толку важна одлука без негово знаење, па веднаш решил да ја прекине соработката.

  • Му реков: „Не зборувај во мое име!“ Не ми се допадна тоа, па го отпуштив – раскажа тој.

Иако можел да остане без огромната сума, подоцна потпишал договор вреден 126 милиони долари, тогаш рекорден во НБА. Сепак, призна дека, веројатно, би ги прифатил и првично понудените 122 милиони долари.

Приказната за него останува важна лекција за тоа колку е значајно самиот играч да има контрола врз клучните одлуки во својата кариера.

ИЗДВОЕНИ