Легендарниот Кејси Стонер застана во одбрана на Франческо Бањаја и смета дека не бил виновен за падот на формата во последниот период во Дукати. Двократниот светски шампион во Мото ГП верува дека Бањаја со месеци укажувал на проблемите со моторот, но неговите критики не биле сериозно сфатени.
- Жал ми е за Пеко. Се мачеше на крајот од минатата сезона. Сите ја загубија довербата во него и велеа дека само се жали, но беше јасно дека не е ист моторот и дека има проблеми – изјави Стонер.
Бањаја освои две титули со Дукати и долго време беше негов лидер, но неговата форма драстично падна, додека Марк Маркес ја потврди шампионската титула на пет трки пред крајот.
Дукати во меѓувреме одлучи да го ангажира Педро Акоста, додека Бањаја ќе го напушти тимот и ќе се пресели во Априлија, каде што ќе му биде тимски колега на Марко Бецеки.











