Хајди Клум повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат со малку поинаков и поформален изглед.
Познатата манекенка за снимањето на новата епизода од „Project Runway“ избра елегантен беж фустан кој совршено ја следеше линијата на нејзиното тело.

Моделот имаше отворен грб и впечатлив детаљ околу половината, додека длабокото деколте дополнително го нагласи нејзиниот изглед.
Клум комбинацијата ја надополни со минималистичка шминка во природни тонови и брановидна фризура.

Иако често објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, овојпат таа покажа поелегантна страна од својот препознатлив стил.
Фотографиите од снимањето брзо привлекоа бројни реакции, а фановите уште еднаш ѝ порачаа дека изгледа фантастично.
На 53 години, Хајди Клум и понатаму останува едно од најпрепознатливите имиња во светот на модата.











