недела, јули 19, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Ќе се гради нов нафтовод од ОАЕ што ќе го заобиколи Ормуз

Ќе се гради нов нафтовод од ОАЕ што ќе го заобиколи Ормуз

128

Извршниот потпретседател на Националната нафтена компанија Абу Даби (АДНОК) за трговија, Филип Кури, изјави дека компанијата планира да изгради нафтовод за извоз на бензин, дизел и гориво за авиони што ќе го заобиколува Ормускиот теснец, објави во вторник „Фајненшл тајмс“.

Кури рече дека АДНОК инвестира „многу време обидувајќи се да ги зајакне нашите канали за снабдување и нашите системи за да се осигура дека ако кризата трае подолго, како што мислиме дека може, сè уште имаме можност да ги снабдуваме нашите клиенти на ефикасен и конкурентен начин“.

Обединетите Арапски Емирати веќе управуваат со нафтовод за сурова нафта до пристаништето Фуџаира и градат втора линија за која се очекува да го удвои капацитетот следната година. АДНОК, исто така, размислува за посебен нафтовод запад-исток што би можел да им помогне на другите производители од Заливот да го заобиколат теснецот, пишува Баха.

 

ИЗДВОЕНИ