петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се гради нов кружен тек кај новиот „Лидл“ во Кавадарци

Ќе се гради нов кружен тек кај новиот „Лидл“ во Кавадарци

91

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, истакна дека овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани

 

Ќе се гради нов кружен тек во Кавадарци онаму каде што ќе бидат отворени комплексот „Литл Америка“ и „Лидл“, најави кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев.

– Особена благодарност до „Лидл“ за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да  градиме модерна и функционална урбана средина – рече Јанчев.

Тој истакна дека овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.

– Побрз сообраќај, поголема безбедност, подобра поврзаност. Продолжуваме со инвестициите во инфраструктурата за подобро секојдневие на сите – нагласи Јанчев.

Задоволство од реализацијата на новиот кружен тек изразија и претседателот на Советот на Општина Кавадарци и претставникот на компанијата „Лидл“.

 

ИЗДВОЕНИ