Ќе добијат ли скопјани ново поскапување на парното греење? Прашањето повторно се отвора откако ЕСМ, компанијата задолжена за затоплување на градот Скопје, обезбеди природен гас за ноември по фиксна цена од 89,50 евра за мегават-час, што е речиси трипати повеќе од референтната берзанска цена тој месец минатата година. За најповолен понудувач на тендерот за снабдување со природен гас од 1 до 30 ноември 2026 година е избрана компанијата „Тера веј енерџи“ од Скопје. За споредба, во ноември 2025 година цената на холандската берза ТТФ изнесувала околу 32 евра за мегават-час.

Дополнителен притисок создава и растот на цените на европските берзи. На 3 ноември, декемвриските фјучерси на природниот гас се тргувале по околу 97 евра за мегават-час, што укажува на продолжување на неизвесноста на енергетските пазари. Ваквата состојба доаѓа по двете поскапувања на парното во текот на годинава. Во јануари, беше зголемена цената за околу пет проценти, а од август за дополнителни 5,96 проценти за корисниците на „ЕСМ Снабдување“.

Компаниите од системот за топлинска енергија веќе побараа нова корекција на цените од Регулаторната комисија за енергетика, повикувајќи се на зголемените трошоци за природен гас.

ИЗДВОЕНИ