понеделник, јуни 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Кавадаречки дол“ прераснува во зелена површина наменета за рекреација  

„Кавадаречки дол“ прераснува во зелена површина наменета за рекреација  

14

„Кавадаречки дол“ ќе прерасне во уредена и зелена урбана целина наменета за рекреација, прошетка и пријатен престој, како значаен чекор кон поодржлив и почист град. Активностите се во завршна фаза.

Ова е констатирано по извршениот увид од страна на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанчо Рамов и претставници на служби од локалната самоуправа.

Активностите се во рамки на проектот „Справување со загадување“, а  на оваа локација се предвидува озеленување на површина од 15.000 квадратни метри.

–Со реализацијата на овој проект, просторот ќе добие нов, современ и еколошки изглед, кој ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животната средина и здравјето на граѓаните – нагласи Јанчев.

ИЗДВОЕНИ