Кавадарчанец бил приведен од полиција, бидејќи бил агресивен кон полициски службеници, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа кавадарчанецот Т.С.(43), затоа што на улица „Миле В’чков“ во градот, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки, кај него се измерени 3,13 промили алкохол во крвта. Т.С е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес
ИЗДВОЕНИ

КОЛУМНА, ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ: Судството како партиски реверс и обвинителството како немо сведоштво

Кандидатите за членство во Унијата ќе се доближуваат преку системот на „градежни блокови“: Макрон и Мицкоски на маса – Европа со нова понуда за Балканот

Агенциите бараат доплата по 20 евра од патник поради поскапите авионски карти

Факултетот за арт и дизајн – 20 години посветеност, знаење, визија и слободно креативно изразување!








