Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Србинот Никола Јокиќ, е на чекор до најголемиот договор во историјата на НБА, но намерно одлучи да не потпише за продолжување на соработката со Денвер ова лето. Причината е едноставна: доколку почека до следната година, ќе може да добие договор вреден дури 359,5 милиони долари.

Според НБА финансискиот експерт Боби Маркс, Јокиќ во 2027 година ќе има право на рекордно продолжување на договорот, со што ќе постави нова граница во најсилната кошаркарска лига. Ако ја прифати таа понуда, ќе заработи вкупно околу 724 милиони долари само од договорите со Денвер, без да се пресметаат приходите од спонзори, реклами и од други комерцијални активности.

Досега Јокиќ има инкасирано речиси 305 милиони долари од Нагетс, а дополнително го очекуваат уште 59 милиони за сезоната 2026/2027 и повеќе од 62 милиони долари за 2027/2028 доколку ја активира играчката опција.

  • Мојата желба е да останам во Денвер засекогаш. Веројатно, ќе потпишам следната година. Тоа е бизнис, но сакам да играм тука до крајот на животот – изјави Јокиќ.

Со ваквиот потег, српскиот кошаркар испраќа јасна порака до раководството дека очекува клубот да изгради тим способен повторно да се бори за шампионската титула.

Во меѓувреме, Денвер веќе го продолжи договорот со Спенсер Џонс, а преговорите со Пејтон Вотсон сè уште траат. Доколку му ја исполни финансиската желба, клубот би можел да биде принуден да се раздели со една од своите големи ѕвезди поради ограничувањето на платниот список и данокот на луксуз.

ИЗДВОЕНИ