четврток, август 6, 2026
Дома СВЕТ Jaпонија во исчекување на силен тајфун: Издадено предупредување за ветрови со брзина...

Jaпонија во исчекување на силен тајфун: Издадено предупредување за ветрови со брзина од над 200 километри на час

0

Се очекува голем и силен тајфун да ги зафати јужните јапонски региони Окинава и Амами.

Како што пренесе NHK, властите ги повикаа жителите во овие области да бидат во состојба на висока готовност поради силните ветрови – кои би можеле да надминат брзина од 200 километри на час – и обилните врнежи во текот на наредните денови.

Јапонските метеоролози наведуваат дека, според состојбата денес во 14:00 часот, тајфунот „Долфин“ се наоѓал на 180 километри источно-североисточно од островот Минамидаито во префектурата Окинава.

ИЗДВОЕНИ