четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ Израел купува уште две ескадрили ловци F-35i и F-15ia од САД

Израел купува уште две ескадрили ловци F-35i и F-15ia од САД

66

Израел ќе купи уште две ескадрили ловци F-35i и F-15ia од САД, по лекциите научени од неодамнешната војна во Иран, објави израелското Министерство за одбрана.

Во текот на викендот, Комитетот за министерски набавки на Израел го одобри планот на Министерството за одбрана за купување на четврта ескадрила ловци F-35i од Локид Мартин и втора ескадрила ловци F-15iа од „Боинг“, во договори вредни милијарди долари, објавува „Тајмс оф Израел“.

Министерството соопшти дека авионите ќе „служат како камен-темелник на долгорочниот развој“ на израелската војска и ќе придонесат за „справување со новите регионални закани и зачувување на стратешката воздушна супериорност на Израел“.

Израел моментално има 48 авиони Ф-35и, по почетната нарачка од 50.

Уште 25 Ф-35 беа нарачани во 2023 година, а испораките се очекува да започнат во 2028 година.

Израел, исто така, нарача 25 авиони Ф-15и во 2024 година, а првите испораки се очекува да започнат во 2031 година.

Министерот за одбрана Израел Кац рече дека неодамнешната војна во Иран „уште еднаш ја покажа моќта на израелските воздухопловни сили и нивната одлучувачка улога во заштитата на Израел“.

Лекциите од таа кампања бараат Израел да продолжи да ги зајакнува своите сили за да обезбеди воздушна супериорност во наредните децении, рече Кац.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го забрза одобрувањето на продажбата на оружје во вредност од повеќе милијарди долари на Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, соопшти Стејт департментот синоќа, како што објави „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ