Во Галеријата „КО-РА“ во Скопје, на 14 септември во 19:00 часот, ќе се отвори изложбата на стрип „Скопски стрипосестри 2026“.

На оваа изложба со свои дела ќе се претстават талентираните авторки: Дона да Видра – визуелна уметница; Ангела Петрушевска – мултидисциплинарна уметница и Евгенија Трајковска – визуелна уметница.

Проектен менаџер и промотор на изложбата е Томе Трајков, а куратор Иван Станчевски.

Преку оваа изложба, вљубениците во уметноста и стрипот можат да ја откријат моќта на визуелното раскажување преку јазикот на деветтата уметност.

Изложбата е во организација на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје и Здружението на стрип-автори и љубители на стрипот „Стрип-центар стрипот може“ – Велес.

 

ИЗДВОЕНИ