Пожарот што избувна утрово во зградата на пакистанската амбасада во Дедиње беше изгаснат по интервенцијата на противпожарните екипи.
Пожарот избувна околу 8:30 часот на горниот кат од пакистанската амбасада во Белград. Пожарот зафатил дел од покривот, а пламените јазици излегувале од прозорците.
View this post on Instagram
Сè уште не е познато дали има повредени.
Три противпожарни екипи беа на лице место и го гаснеа пожарот. Бидејќи едната лента во правец на Дедиње беше блокирана од противпожарни возила, сообраќајот беше забавен и во правец на центарот на градот.












