четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Изгаснат пожарот во амбасадата на Пакистан на Дедиње во Белград

Изгаснат пожарот во амбасадата на Пакистан на Дедиње во Белград

0
screenshot RTS

Пожарот што избувна утрово во зградата на пакистанската амбасада во Дедиње беше изгаснат по интервенцијата на противпожарните екипи.

Пожарот избувна околу 8:30 часот на горниот кат од пакистанската амбасада во Белград. Пожарот зафатил дел од покривот, а пламените јазици излегувале од прозорците.

Сè уште не е познато дали има повредени.

Три противпожарни екипи беа на лице место и го гаснеа пожарот. Бидејќи едната лента во правец на Дедиње беше блокирана од противпожарни возила, сообраќајот беше забавен и во правец на центарот на градот.

ИЗДВОЕНИ