понеделник, октомври 12, 2026
Дома БАЛКАН Ивица Дачиќ најави кандидатура за претседател на Србија: „Ќе ги победам сите!“

Ивица Дачиќ најави кандидатура за претседател на Србија: „Ќе ги победам сите!“

27

Без Социјалистичката партија на Србија (СПС) нема политичка стабилност во Србија, а добар резултат на таа партија е гарант за „мир, стабилност и сигурност за граѓаните“, беше порачано на централниот предизборен собир на коалицијата „Ивица Дачиќ – Фактор стабилност“ во Белградска арена.

Претседателот на СПС, Ивица Дачиќ, оцени дека Студентската листа е „најголема пречка за факторот стабилност“, додавајќи дека тој е помлад од 73 кандидати од таа листа.

Во своето обраќање, Дачиќ наведе дека кога ќе се распишат претседателските избори, доколку тој биде кандидат за претседател на Србија, „ќе ги победи сите“.

„Затоа ова не се само парламентарни избори. Кој сака јас да бидам кандидат за претседател, треба да гласа за нас и на парламентарните избори, за листата број два“, додаде тој.

Во соопштението на СПС се наведува дека Дачиќ во Белградска арена собрал 20.000 луѓе, како и дека ветува промена на Законот за работни односи.

„Полицијата е тука да нè дели од хаосот. Јас сум на страната на полицијата не 100 отсто, туку 1.000 отсто. Сакам да им се заблагодарам за чувањето на земјата од хаос. Уште 7.000 полицајци треба да примиме во текот на следната година. Нападот врз полицајците е напад врз земјата. Никој не смее да ве напасне“, порача Дачиќ.

ИЗДВОЕНИ