Инспектциските служби на Општина Карпош, во соработка со полициската станица – Карпош, спроведе вонредни инспекциски контроли во УЗ „Злокуќани“.
При контролите биле утврдени неправилности кај бесправно изградени објекти, по што се започнати соодветни инспекциски постапки.
-Паралелно, беше отстранет кабаст отпад од јавните површини на улицата „Скупи“ и во внатрешноста на населбата, а повеќе лица беа опоменати поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота. Инспекциските служби разговараа и со жителите за актуелните комунални проблеми – информираа од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека ќе продолжат со редовни инспекциски контроли и засилени заеднички акции со полицијата, со цел поголем ред, чистота и почитување на законските прописи.












