Иранската војска денес објави дека извршила масовен напад со беспилотни летала врз седиштето на израелските сили во областа Бершеба, како одговор на тековните напади на САД и Израел врз Иран.
„Иранската армија од утрово го напаѓа седиштето на израелските одбранбени сили на окупираните територии во Бершеба, користејќи разорни беспилотни летала лансирани од различни делови на земјата. Бершеба е место на стратешки воени инсталации и инфраструктура на армијата на ционистичкиот режим, вклучувајќи бази поврзани со копнените и воздушните сили“, се вели во соопштението, како што пренесеува иранската „ТВ Прес“.
Се забележува дека операцијата ќе продолжи во наредните часови со напади од големи размери врз други значајни локации на израелски бази.
Иранската војска тврди дека израелскиот режим „го спречува ширењето на информации за обемот на штетата и жртвите предизвикани од ракетите и деструктивните беспилотни летала преку строга цензура на воените вести и ефикасни напади од страна на иранската армија и Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)“, пренесува „Танјуг“.












