петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Иран се закани дека ќе отвори нов фронт во случај на копнена...

Иран се закани дека ќе отвори нов фронт во случај на копнена инвазија на САД – го „мерка“ еден од најголемите стратешки тесенци во светот

210
EPA/WAEL HAMZEH

Во случај на копнена инвазија на САД, Иран ќе отвори нов фронт во клучниот теснец за глобалниот поморски сообраќај, кој го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив, изјави денес ирански извор близок до војската, според новинската агенција Тасним.

Клучниот премин кон Суецкиот канал, „теснецот Баб ел-Мандеб е меѓу најголемите стратешки теснеци во светот, а Иран има и волја и способност да создаде целосно веродостојна закана против него“, предупреди изворот.

„Доколку непријателот се обиде да изврши копнен напад врз иранските острови или било каде на нашата територија, или ако се обиде да му наметне трошоци на Иран преку поморски маневри во Персискиот Залив и Оманското Море, ние ќе отвориме други фронтови како „изненадување““, додаде изворот.

САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари, на што одговорија со напади врз присуството на САД во регионот. Конфликтот се прошири и во Либан, каде што израелските сили го напаѓаат југот на земјата, каде што веруваат дека се наоѓа проиранското движење Хезболах.

ИЗДВОЕНИ