вторник, јуни 23, 2026
Дома СВЕТ Иран се јави преку пакистанските посредници: Испрати одговори на американскиот предлог за...

Иран се јави преку пакистанските посредници: Испрати одговори на американскиот предлог за прекин на војната

266
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран им одговори на пакистанските медијатори за предлозите на САД за прекин на војната, објавува Би-Би-Си, повикувајќи се на иранските државни медиуми. Деталите сè уште не се познати, а самите САД не ги објавија јавно своите најнови предлози.

Сепак, Би-Би-Си потсетува дека претходните извештаи укажуваа дека фокусот на преговорите во моментов е на меморандум од 14 точки што, доколку биде договорен од двете страни, би довел до понатамошни преговори за нуклеарните амбиции на Иран.

Инаку, со исклучок на поединечни напади, прекинот на огнот во војната меѓу Израел и САД против Иран во голема мера се почитува. Сепак, Иран продолжи да го блокира сообраќајот низ Ормускиот теснец, што доведе до зголемување на цените на нафтата и енергенсите, а САД не се откажаа од блокадата на иранските пристаништа. Како резултат на тоа, Иран отвори патни коридори за сообраќај со Пакистан.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека не сака да му дозволи на Техеран да развива нуклеарно оружје.

ИЗДВОЕНИ