понеделник, јуни 22, 2026
Дома СВЕТ Иран објави снимки од најинтензивниот напад врз американски бродови! Се појави мапа...

Иран објави снимки од најинтензивниот напад врз американски бродови! Се појави мапа на целите насочени како одмазда/ВИДЕО/ФОТО

1396
Printscreen X/sentdefender

Иранската државна телевизија емитуваше снимки за кои тврди дека ги прикажуваат синоќешните напади со ракети и беспилотни летала врз три американски разурнувачи во Ормускиот теснец. Во исто време, Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на американските воздушни напади извршени преку ноќ врз цели во јужен Иран. Нападите, според американската страна, беа директен одговор на иранскиот обид за напад врз американски воени бродови во Ормутскиот теснец.

Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека нејзините сили „ги елиминирале дојдовните закани“ и дека ги таргетирале иранските воени објекти поврзани со нападите.


Според официјалните информации, иранските сили испукале повеќе ракети, лансирале беспилотни летала и испратиле брзи чамци за напад кон американските разурнувачи USS Truxtun, USS Rafael Peralta и USS Mason додека минувале низ теснецот.

CENTCOM тврди дека ниту една од ракетите не ги погодила американските бродови, по што следел силен одговор од американската војска.

Американските напади беа насочени кон локациите од кои наводно биле лансирани ракетите и беспилотните летала, како и кон командните центри и објектите за надзор и собирање разузнавачки информации.

Висок американски функционер изјави за „Фокс њуз“ дека биле погодени три клучни локации.

CENTCOM соопшти дека Вашингтон „не бара ескалација на конфликтот“, додека американските претставници нагласуваат дека овие напади не претставуваат формално враќање кон воените операции, туку одбранбен одговор на заканите кон американските сили.

ИЗДВОЕНИ