четврток, јули 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Иран не се откажува од своето право на теснецот: Најави воведување нов...

Иран не се откажува од своето право на теснецот: Најави воведување нов механизам за премин низ Ормуз

133
Фото: EPA/ALI HAIDER

Иран воведува нов механизам за контрола на поморскиот сообраќај низ одредена рута во Ормускиот теснец, кој вкучува наплаќање надомест за „специјализирани услуги“, соопшти денеска висок ирански функционер Ебрахим Азизи.

Во објавата на социјалната мрежа „Икс“, Азизи, кој ја врши функцијата претседател на Комитетот за национална безбедност и надоврешна политика во парламентот, наведе дека новиот систем е во согласнсот со иранскиот национален суверенитет и дека ќе гарантира безбедност на меѓународната трговија.

Иран, во рамките на својот национален суверенитет и гаранцијата за безбедност на меѓународната трговија, подготви професионален механизам за управување со сообраќајот во Ормускиот теснец низ одредена рута, која ќе биде претставена наскоро“, додаде тој, пренесер Прес ТВ. Азизи повтори дека иранската политика им дозволува на бродовите кои соработуваат со Иран да поминуваат низ стратешки пловен пат, како и дека на непријателските земји тоа им е забрането врз основа на новиот механизам.

„Во овој процес, само комерцијалните бродови и страни кои соработуваа со Иран ќе имаат корист од тоа, нагласи функционерот. Азизи додаде дека одредената рута ќе остане затворена за операторите на таканаречениот „Проек Слобода“, мислејќи притоа на операцијата што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп со цел обновување на комеррцијалната пловидба низ Ормускиот теснец.

„Неопходни такси ќе бидат наплатувани за специјализирани услуги кои се нудат во рамки на овој механизам“, истакна Азизи.

Заменик-претседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, претходно месецов изјави дека Иран нема никогаш да се откаже од своите права во Ормускиот теснец, додавајќи дека парламентот ќе го одобри новиот закон со кој се воведува нов правен режим за витална рута, а кој не само што ги вклучува условите на Иран, туку ги зема предвид и правилата на меѓународното права и на правата на соседните  земји. Тој додаде дека нацрт-законот предвидува бродовите кои му припаѓаат на израелскиот режим никогаш нема да можат да поминат низ теснецот.

Никзад исто така нагласи дека дозвола за премин низ тој пловен пат нема да добијат ни „непријателските земји, особено Соединетите Американски Држави“.

ИЗДВОЕНИ