среда, август 5, 2026
Дома БАЛКАН Инцидент во Хрватска: Запалено е српско знаме на надвозник кај Оточац

Инцидент во Хрватска: Запалено е српско знаме на надвозник кај Оточац

0

На надвозникот кај Оточац, две лица облечени во црно и со покриени лица закачиле транспарент и го запалиле знамето на Република Србија.

Инцидентот се случил вчера, ден пред денешното одбележување на годишнината од воено-полициската операција „Бура“ во Книн, а видеото го објави порталот „Индекс“.

На видеото се гледаат две лица облечени во црно, со покриени глави, како се качуваат по оградата на надвозникот. Тие го поставиле српското знаме на него, а потоа го запалиле.

На оградата бил закачен и транспарент на кој пишува: „Им благодариме за сè, ние сме слободни луѓе, Бура ’95“.

„Индекс“ го добил видеото од читател, а редакцијата испратила барање до полицијата за тоа, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ