четврток, ноември 5, 2026
Дома БАЛКАН Тревога на небото: Хрватски „Рафал“ пресретна патнички авион на „Финер“ по дојава...

Тревога на небото: Хрватски „Рафал“ пресретна патнички авион на „Финер“ по дојава за бомба на летот од Хелсинки за Рим

1

Денес во 8:41 часот, како дел од надзорот и заштитата на сопствениот воздушен простор, хрватски борбен авион „Рафал“ пресретна патнички авион „Ербас А320“ на финската авиокомпанија „Финер“ во областа помеѓу Јастребарско и Карловац.

Пресретнувањето е извршено поради пријава за можна закана, или поточно сомневање за ситуација „бомба во авионот“ – што значи можност за експлозивна направа во авионот.

Ербас А320 на „Финер“, кој леташе од Хелсинки до Рим, влезе во хрватскиот воздушен простор во 8:34 часот, во областа помеѓу Чаковец и Вараждин, продолжувајќи го својот лет кон Истра и Италија. Откако издаде наредба за дејствување и полетување од базата, хрватскиот „Рафал“ го пресретна патничкиот авион во 8:41 часот во областа помеѓу Јастребарско и Карловац.

По пресретнувањето, хрватскиот „Рафал“ го испрати „Ербас А320“ до границата со Италија, каде што авионот беше предаден на италијанските сили за брз одговор.

Воздушната акција беше започната по наредба на Здружената воздушна команда на НАТО во Торехон (CAOC Torrejón).

Авионот „Финер“ го напушти хрватскиот воздушен простор во 8:54 часот.

Ова е второ успешно пресретнување оваа година. За потсетување, хрватскиот повеќенаменски борбен авион „Рафал“ неодамна, исто така како дел од задачата за следење и заштита на хрватскиот воздушен простор (Air Policing), пресретна малтешки патнички авион „Боинг“ кој беше означен како потенцијална закана.

ИЗДВОЕНИ