Интервентната полиција во Чешка за време на тактичка вежба во градот Варнсдорф, наместо во празна зграда на напуштено училиште, упаднала во училиште во близина во кое што се одвивала настава.
Штом го слушнала ѕвоното, вратата на бискупското училиште ја отворила асистентката, откако полицајците во извршиле упадот, ама во погрешно училиште.
Чешката интервентна единица по упадот продолжила со вежбата, убедена дека учениците и наставниите се статисти кои фантастично глумат страв и паника, пренесе „РТС“.
Тактичката вежба се однесувала на координација на постапката во случај на напад на вооружен агресот на училиште.
Началникот на округот го потврди инцидентот, а полицијата им се извинила на сите.
ИЗДВОЕНИ

Затворени експозитури, ограничени исплати… Алта банка ги разбуди болните спомени од ТАТ

Женска дипломатија – ќе најдат ли Сиљановска-Давкова и Јотова заеднички јазик?

Владата предлага укинување на Советот на безбедносно-разузнавачките служби, се укинува координацијата, се отвора патот за спојување на агенциите?

Првиот падобрански скок траел неколку минути, а одекнува еден век








